Народот го прочита и знае дека Трендафилов, кој сега глуми синдикалец, е на тастер на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
trendafilov

„Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ?

Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за претседател на ССМ.

— реклама —

Трендафилов не можел да биде избран на чело на ССМ, затоа што тој претходно не бил претседател на грански синдикат како што налага Статусот и законите, туку бил секретар.

Нелегалното поставување Трендафилов на чело на ССМ се случи за време на власт на СДС и беше дозволено токму од нив. Целиот тогашен државен систем го одмолчи ова незаконие, со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој што ќе биде мирен и ќе молчи за време на власт на СДС, а ќе глуми синдикалец кога ќе бидат во опозиција.

Сега на дело можеме да го видиме ваквото делување на Трендафилов, бидејќи неговите ставови се идентични како на тие на СДС, што човек би помислил дека се координирани во штабот на Бихаќка.

Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува и во целост усогласен со СДС.

Затоа и до сега никаде го немаше и како синдикалец, Трендафилов молчеше за системското деградирање на работникот во време на владеење на СДС, премолчи кога Талат Џафери пцуеше вработени во Собрание, збор не кажа за сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини.

Така да, народот го прочита Трендафилов и знае дека тој е на тастер на СДС.

Исто така, народот гледа дека ВМРО-ДПМНЕ на власт посветено работи на подобрување на животот на граѓаните, расте минималната плата, растат платите во здравство и образование, пензиите и содокажаниот раст на економијата ќе продолжат да растат и платите во приватниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања