Промени тема
Контакт

Не се бара притвор за Нино Васев, туку оддалечување од работно место, одземање на пасош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-10-30-at-13.12.16

Не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија. Ова го соопшти обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Таа кажа дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите. Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи. За тројцата доктори не се бараат мерки.

„Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа“, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

— реклама —

За Нино Васев е побарна уште една мерка.

— реклама —

„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“, додаде обвинителката.

Според неа, нема лица кои се во бегство, но кажа дека истрагата ќе се проширува.

— реклама —

ДЕТАЛИ:

nino-vasev

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

Пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Ова го соопшти шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Меѓу осомничените е и ексмедицинскиот директор на Клиниката, Нино Васев кој се сомничи за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.„Наредбата е за едно лице за седум кривични дела злоупотреба н

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања