Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца“, велат од ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
LDPlogo-620x360

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на најавата дека во претстојната учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку, оценувајќи дека тоа е најсериозниот показател за состојбата во државата.

— реклама —

Од партијата велат дека изјавата на министерката за образование е „најтешката оценка за политиките на Владата“ и предупредуваат дека намалувањето на бројот на првачиња не е само статистички податок, туку сигнал дека Македонија забрзано се соочува со демографски пад.

— реклама —

Според ЛДП, додека Министерството за образование го истакнува просечниот успех на државната матура како позитивен резултат, суштинското прашање е кој ќе биде дел од образовниот систем во иднина ако секоја година бројот на ученици се намалува.

„Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата“, наведуваат од партијата.

— реклама —

ЛДП смета дека демографскиот пад е последица на, како што велат, погрешни политики, економска несигурност, недоверба во институциите и недостиг од визија. Оттаму предупредуваат дека секоја генерација со помал број првачиња значи помалку млади луѓе, помала работна сила и понеповолна перспектива за државата.

— реклама —

Партијата повикува на изработка на национална стратегија за демографска обнова, поголема поддршка за младите и конкретни мерки што ќе создадат услови граѓаните да останат и да ја градат својата иднина во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања