Промени тема
Контакт

Нелегално ископале околу 5.000 кубни метри минерални суровини кај Струга, поднесени кривични пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryc8phi03rp92naD1w22L
unsplash

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.З. (34) од селото Заграчани и Л.Х. (46) од селото Калишта, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во атарот на селото Вишни, првопријавениот А.З., без да поседува концесија или дозвола издадена од надлежен орган за експлоатација на минерални суровини, го ангажирал второпријавениот Л.Х. за вршење ископ со багер и транспорт на материјалот со товарно возило.

— реклама —
— реклама —

При вонреден инспекциски надзор спроведен од Државниот инспекторат за техничка инспекција било утврдено дека пријавените незаконски ископале околу 5.000 кубни метри минерална суровина на површина од 10.104 квадратни метри.

Од МВР информираат дека експлоатацијата била извршена без соодветна концесија, поради што против двајцата се поднесени кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybp62lh7s79sd9CqKlVz

(Видео) СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryartq581of4ts47nok1X

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Македонија | пред 7 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

10 возачи уапсени низ државата, девет немале положено возачки испит

Македонија | пред 11 час

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Изгубил контрола над мотоциклот и удрил во заштитна ограда, тешко повреден 38-годишен битолчанец

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања