Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Немири во една од најголемите германски банки по понудата на „УниКредит“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library20q0kf0m31jk4w8SPpT

Вработени во германската банка „Комерцбанк“ денеска протестираа против обидот на италијанската банка „УниКредит“ да ја преземе една од најголемите германски финансиски институции.

Според „Ројтерс“, демонстрантите се собрале пред годишното собрание на акционерите на „Комерцбанк“, носејќи транспаренти со пораки „УниКредит, заминете!“ и „#БезСпојување #БезОрчел“, алудирајќи на извршниот директор на „УниКредит“, Андреа Орчел.

— реклама —

Синдикалниот претставник и член на надзорниот одбор на „Комерцбанк“, Фредерик Вернинг, изјавил дека вработените немаат доверба во плановите на италијанската банка.

— реклама —

„Длабоко сме загрижени дека реализацијата на овие планови ќе биде стратешка грешка, ќе доведе до губење работни места и ќе им наштети на германските мали и средни претпријатија“, изјавил Вернинг.

Организаторите соопштиле дека на протестот присуствувале околу 150 вработени.

— реклама —

„УниКредит“ на почетокот на мај официјално поднесе понуда за преземање на „Комерцбанк“ преку размена на акции, во трансакција вредна околу 35 милијарди евра.

— реклама —

Италијанската банка веќе поседува околу 30 проценти од акциите на германската банка и со новата понуда се обидува дополнително да го зајакне своето влијание.

На преземањето се противи и германската влада, која поседува околу 12 проценти од акциите на „Комерцбанк“, како и раководството на банката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 1 ден

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 2 дена

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања