Промени тема
Контакт

Неочекуван тон од Трамп: Разговор со демократскиот гувернер Волц по убиството на американски државјанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „на иста бранова должина“ со демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, по убиството на уште еден американски државјанин во таа сојузна држава за време на интервенција на службеници на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ).

— реклама —

Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека телефонски разговарал со Волц и дека разговорот бил, како што оцени, „многу добар“, со заедничко разбирање за понатамошните чекори. Според него, му порачал на гувернерот дека ќе побара од Том Хоман, висок функционер задолжен за имиграциските прашања, да стапи во контакт со властите во Минесота и да се побара целосна соработка во однос на лицата со криминално досие.

Трамп тврди дека Волц коректно го разбрал ставот на федералната администрација и дека наскоро ќе следи нов разговор меѓу нив. Во истата објава, претседателот наведе дека федералната влада имала „огромен успех“ во борбата против криминалот во Вашингтон, Мемфис и Њу Орлеанс, додавајќи дека и во Минесота, според неговите зборови, криминалот значително се намалил, но дека и тој и гувернерот сакаат дополнително намалување.

— реклама —

Набргу по објавата на Трамп, се огласи и Белата куќа. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот во разговорот со Волц не ветил покренување локална истрага за последниот инцидент, иако најавил продолжување на комуникацијата. Таа истакна дека Трамп ги поддржува Првиот и Вториот амандман, но нагласи дека граѓаните немаат право да ги попречуваат законските операции на имиграциските служби, што, според неа, претставува кривично дело и токму тоа се случувало на улиците на Минеаполис.

— реклама —

Ливит додаде дека претседателот очекува „отпорот и хаосот“ во градот да завршат уште денеска, притоа обвинувајќи ја политиката на администрацијата на Џо Бајден за настанатата состојба. Белата куќа, како што соопшти таа, упатила три конкретни барања до властите во Минесота: предавање на сите нелегални имигранти притворени поради кривични дела или со активни потерници, обврска локалната полиција да ги предава сите уапсени нелегални имигранти на федералните власти и активна соработка на локалните сили со федералната полиција при апсења и депортации, особено на насилни сторители.

Иако Трамп сега зборува за соработка, гувернерот Волц и други демократски лидери претходно остро се спротивставуваа на политиките на претседателот во однос на имиграцијата, оценувајќи ги како незаконски и опасни по јавната безбедност. Минатиот месец, пак, Трамп јавно го обвинуваше Волц за неспособност, поврзувајќи го со скандал во системот за социјална заштита во Минесота.

— реклама —

Американскиот претседател претходно најави дека ќе го испрати Том Хоман во Минесота за да соработува со локалните власти, откако во саботата имиграциски агенти во Минеаполис убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судир со демонстранти. Додека дел од високите функционери на администрацијата го опишаа Прети како „домашен терорист“, Хоман јавно не се изјасни за инцидентот. Трамп, пак, нагласи дека Хоман не бил директно вклучен во настанот, но дека добро ги познава состојбите и луѓето во Минесота.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања