Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Непознати лица влегле во дом за стари лица во Србија и вршеле притисок врз гласачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-libraryasi9t9tfmd2pdqCrOXe

— реклама —

Непознати лица влегле во дом за стари лица во Младеновац, Србија, каде што се наоѓа избирачко место, и вршеле притисок врз гласачите, меѓу кои и неподвижни лица. Ова го соопшти претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, на прес-конференција одржана во 17 часот.

— реклама —

Според него, лицата се претставиле како набљудувачи, а за случајот веднаш била известена полицијата, која излегла на терен. Димитријевиќ најавил дека повеќе информации ќе бидат соопштени на следната прес-конференција.

Тој додал дека, според извештаите на локалните изборни комисии и избирачките одбори, гласањето се одвива редовно. Забележани биле помали инциденти и нерегуларности, кои во најголем дел биле решени од избирачките одбори.

— реклама —

Во случаите кога одборите не можеле да ги решат проблемите, била известена полицијата, која интервенирала, по што гласањето продолжило без прекин. За настаните надвор од избирачките места, за кои избирачките одбори не се надлежни, полицијата и обвинителството преземаат соодветни мерки.

Димитријевиќ ги повикал граѓаните да се воздржат од недозволени активности и надвор од избирачките места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryie8nad7hs2lv5JdZ2GE

Србија пред историска излезност: Можно е да биде најголема од падот на Милошевиќ

Свет | пред 1 минута

— реклама —
media-librarybt2vfvth20f8ehNt1En

(Видео) Групи мажи со качулки забележани во близина на Собранието на Србија

Балкан | пред 3 минути

media-libraryb6ln86h7g4401Nr0eJW

„Вучиќ, светот гледа!“ – европратеничка предупредува на можно насилство по изборите во Србија

Свет | пред 3 минути

media-library52vegt89240r7E2R2m5

Излезноста во Србија достигна 67,6 отсто до 19 часот, значително повеќе од изборите во 2023 година

Балкан | пред 9 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања