Промени тема
Контакт

Непрописно одложен опасен отпад во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
gumi-11

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на улицата Никола Парапунов во скопската општина Карпош.

„Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност за

— реклама —

собирање и транспорт на овој тип на отпад. Апелираме до жителите на градот Скопје внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје.“ - истакна директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

— реклама —

Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во координирана акција со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно.

— реклама —

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа метење и празнење на корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од Планинарскиот дом и околните угостителски објекти. Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан комунален отпад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Денес прекин на струјата во Општина Карпош

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Скопје | пред 2 седмици

park

Паркот во Карпош 4 ќе биде готов до крајот на годинава: 72.000 квадрати зеленило и спортски терени

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryclab9cqjnh305hrVoST

(Видео) Нов вандализам, овојпат во Карпош: деца снимени како уништуваат приватен имот

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања