Промени тема
Контакт

„Ни рекоа дека лековите ќе стигнат за неколку недели“ – пациенти реагираат за недостиг на терапија на Онкологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти кои се лекуваат на Клиниката за онкологија преку групи на социјалните мрежи реагираат дека во моментов недостигаат неколку клучни терапии што ги примаат во текот на лекувањето.

Според нивните сведоштва, на Клиниката нема Золадекс, Фулвестрант и Ексџева – лекови кои се користат при лекување на одредени видови рак на дојка, особено кај хормонски зависен карцином и кај пациенти со метастази на коските.

— реклама —

Пациентките посочуваат дека Фулвестрантот е терапија која треба да се прима во точно определени временски интервали. Како што посочуваат, и прекинот на терапијата со Золадекс може да има последици.

Во однос на Ексџева, наведуваат дека пократко доцнење не мора веднаш да влијае врз текот на болеста, но подолг прекин може да го зголеми ризикот од компликации.

— реклама —

Според пациентките, од Клиниката за онкологија им било кажано дека недостигот е привремен и дека лековите се очекува да бидат набавени во текот на следните неколку недели.

— реклама —

Став побаравме од директорот на Клиниката за онкологија д-р Игор Стојковски, од кого очекуваме одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 седмица

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 седмици

2_99

„Онколошките пациенти чекаат со месеци за резултати и терапија, системот ги остава сами“, Стојчевска со критики за состојбата на Онкологија

Македонија | пред 2 седмици

2_99

Директорот на Онкологија потврди: Има привремен недостиг на дел од терапиите, причината е доцнење во испораките

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања