Промени тема
Контакт

Николоски: Доставив три предмети до надлежните органи за кои постои сомнеж за сторен криминал со незаконско трошење на народните пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Nikoloski17082021

Јавното обвинителство да биде поефикасно и очекувам да постапи по информациите содржани во ревизорскиот извештај. Јас лично доставив три предмети за кои сметам дека постои сомнеж за сторен криминал и очекувам Обвинителството да отвори постапки за нив, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.

— реклама —

Тој потенцираше дека два од трите доставени предмети директно се поврзани со наводите кои беа објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.

— реклама —

“И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министервото за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив” објасни министерот Николоски.

— реклама —

Во однос на изградбата на автопатската делница Кичево –Охрид тој истакна дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето која сеуште не е завршена, нерешените имотно правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

“ Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации“, истакна министерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања