Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Градежништвото има историски највисок раст од 22 %, сигнал дека капиталните проекти се работат со засилена динамика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Градежништвото во второто тримесечје годинава забележало раст од 22 отсто, што според заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски претставува историски највисок квартален раст и показател дека капиталните проекти се реализираат со силна динамика.

— реклама —

Николоски посочи дека растот не е изолиран резултат само за второто тримесечје, туку продолжение на позитивниот тренд што започнал минатата година.

— реклама —

„Се работи за исклучително висок раст, којшто не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година. Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 година гледаме силен раст во делот на градежништвото“, изјави Николоски.

Според него, во второто тримесечје биле реализирани градежни работи во вредност од околу 242 милиони евра, што е за околу 22 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

— реклама —

Николоски оцени дека градежништвото станува еден од основните двигатели на економијата и најави продолжување на реализацијата на капиталните проекти во наредниот период.

„Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти коишто ќе значат сериозен раст на градежништвото и со тоа на бруто-домашниот производ“, истакна министерот за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања