Промени тема
Контакт

Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во Василево во наредните 4 години ќе донира над 4 милиони евра за општината да се развива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-22.06.2022

,,Благодарам на присуството, еве навистина присуствуваме на еден убав настан и би сакал да честитам на градоначалникот, на советниците исто така, на членовите на Советот, на сите вработени во Општината за тоа што општината континуирано во изминативе две години се развива.

Општината е во исклучително тешка ситуација, градоначалникот ја затекна Општината со огромен долг, во моментот долгот е некаде над 100 милиони денари, што за вака една мала општина е навистина голем товар.

Но, самото тоа што и со огромен долг кој што е наследен од неговите претходници успева да менаџира и да изработува проекти, говори за посветеноста и за напорната работа.

— реклама —

Така ќе биде и после следните парламентарни избори. Ние предвидуваме огромни средства да се слеваат директно во општините.

Имено, планираме околу 250 милиони евра од капиталните расходи од Буџетот.

— реклама —

Секоја година да доаѓаат во општините и тие да бидат распоредувани рамномерно според бројот жители во секоја општина и според економскиот перформанс.

— реклама —

Тоа значи дека во рок од 4 години некаде над 4 милиони евра ќе влезат тука во општината само од Буџетот директно како дотација со којашто ќе може општината да се развива и да работи на нови проекти кои што ќе бидат од корист на граѓаните.

Сето она што им е потребно на граѓаните во делот на инфраструктурата да се заврши, да се изработи и конечно после четири години темата локална инфраструктура да ја затвориме со цел да имаат сите жители на сите населени места во Македонија едно поубаво место за живеење", изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања