Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Инвестираме преку 5, 56 милиони евра во изградба на булевари, улици и комунална мрежа во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Над 5,6 милиони евра изнесува поддршката што Владата преку Министерството за транспорт ја обезбедува за капитални инвестиции во Струга, во булевари, улици и комунална инфраструктура, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општината.

— реклама —

Николоски заедно со градоначалникот Менди Ќура изврши увид во градежните активности на неколку улици во Струга, кои се реализираат со владина поддршка.

— реклама —

Меѓу проектите е изградбата на булеварот „Туристичка“, инвестиција вредна 175 милиони денари. Се реализира и улицата „Источно Колекторска“, која треба да се поврзе со улицата „Туристичка“.

Во рамки на проектот со Светската банка кај „Езерски лозја“, според Николоски, работите се при крај, а од изведувачот добиле уверување дека целокупната работа ќе биде завршена до крајот на следната недела, по што делницата ќе може да биде пуштена во употреба.

— реклама —

Николоски информираше и дека со поддршка на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање се реализираат повеќе канализациски проекти. Во Враништа се работи на канализациски систем, а се разгледува можноста проектот да биде проширен со дополнителни 700 метри, односно уште еден километар мрежа.

— реклама —

Како нов проект е најавено продолжување на улицата „Колекторска“ до магистралниот пат Струга–Охрид, како и изградба на поголем кружен тек кај Мислешево, со цел да се зголеми безбедноста и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања