Промени тема
Контакт

Николоски: Ја реформираме Македонска пошта и очекувам позитивни резултати наскоро, за претходното менаџирање на потег е Обвинитеството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Работиме на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта. Резултатите на новото раководство ќе бидат забележани после Нова година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на новинарско прашање во врска со наводите на Државниот завод за ревизија за состојбите во Пошта и зголемување на менаџерските плати на претходното раководство.

— реклама —

„Јас кога станав министер, 4400 вработени не земаа плата од Македонскa пошти, Железници Транспорт и Железници Инфраструктура. Почнаа редовоно да земаат плата откако станав министер, некои тоа го протолкуваа дека не е голема работа и се слагам дека не е, но и тоа како е голема ако со месеци вработените не земаа плата. Да направите било каква реформа и организација прво треба да им се плати на луѓето тоа што го сработиле.

— реклама —

Бидејќи тој проблем е решен сега одиме на реорганизација на овие три претпријатија и тоа го правиме интензивно и можам да кажам дека ќе ги видите резултатите на Пошта после Нова година и за периодот од август до декември ќе видите една огромна промена, а тоа е период од кога има ново раководство на Пошта“, истакна министерот Николоски.

— реклама —

Тој исто така додаде дека на потег сега е Јавното обвинителство да ја испита работата на претходното раководство по наводите од државната ревизија.

„Драго ми е што Државниот завод за ревизија тоа го констатираше, сега на потег е Обвинителството затоа што извештите на ДЗР одат во Обвинителство. Исто така го повикувам Обвинителството да влезе и да утврди одговорност за сите кои не работеле одговорно и правеле криминал во Пошта. Но исто би сакал да ги повикам и ДЗР и ЈО да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти кое треба да биде регулаторно тело, а тоа е се освен регулатор и да видат како се издаваат лиценци за работење на приватни пошти кои работат буквално од подрум. Дај боже намерата на претходната власт да била приватизација на Пошта, иако јас не се слагам со тоа. Но ниватата цел не била приватизација туку пропаѓање на Пошти и отворање на неколку привати пошти“, изјави министерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања