Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Каде го донира делот од покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите како поранешен претседател бидејќи ќе изгуби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Според моите сознанија имало одредена средба на Стево Пендаровски со одредени лица и прашав дали е вистина или не дека бил посетен од стратегисти, изработувачи на кампањи и луѓе кои се на работ на она што се вика закон во делот на политичка кампања кои се по потекло едниот од Изреал и другите од Хрватска и Романија. Прашав која е целта на нивната посета, дали тие ќе бидат ангажирани во неговата кампања и доколку бидат ангажирани кој ќе го плати тоа и дали тоа ќе биде пријавено имајќи предвод дека има строги закони во делот на финансирање на изборна кампања. Наместо да одговори на ова прашање Пендаровски тој даде одговор со лични навреди кон мене, јас немам проблем да ме навредуваат се занимавам со политика долго време не сум од вчера, но откако ќе завршат личните навреди пак треба да се одговори на прашањето, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на Неготино.

— реклама —

„Така што еве втор пат му давам шанса, може пак да одговори со навреди, но откако ќе заврши со личните навреди кои мене не ме допираат, го замолувам да одговори на прашањето. Еве да одам чекор напред да прашам дали тој стратегист е истиот стратегист кој е во користен во Република Србија за потребите на претседателот на таа држава“, кажа Николоски.

— реклама —
— реклама —

Николоски додаде „Стево Пендаровски нека каже дали е така или не, ако е така нека каже зошто се среќавал со него, ако не е така нека каже не е така, а не лично да навредува и сега бонус уште две прашања“.

— реклама —

„Прво, дали ќе покаже на јавноста и ќе ги извади трансакциските сметки каде ја донира разликата во плата затоа што тој беше „најпаметен“ од сите државни функционери и рече дека не му била потреба покачена плата и дека ќе ја донира, што значи дека или многу скромно живее или е криминалец да бидам директен затоа што ако не живеете од плата или сте многу скромен или имате други приходи кои во политика можат да бидат само криминални и нека ги извади трансакциските сметки зошто се знае како се дава донација од трансакциска на трансакциска. И второ, имајќи предвид дека ќе изгуби на претседателските избори дали ќе остане на зборот што го даде пред 5 години кога се кандидираше за претседател дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои им следуваат на поранешните претседатели“, вели Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytu9u61a89sfhc0SF3tK

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме - работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7aub7f0k161o8DAhbxD

Николоски: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 2 седмици

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања