Промени тема
Контакт

Николоски: Македонија и Саудиска Арабија ќе воспостават редовни авиолинии со нова Спогодба за воздушен сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o
Unsplash / илустрација

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија.

„Целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај.

Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди.

— реклама —

Македонија и Саудиска Арабија негуваат пријателски односи, со заемна заложба за унапредување на економската и трговска соработка, зголемување на инвестициите како и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

— реклама —

Се очекува дека воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји ќе придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.

Склучувањето на вакви спогодби во меѓународни рамки претставува важен инструмент за унапредување на поврзаноста меѓу државите и зајакнување на економската, политичка и институционална соработка.

— реклама —

Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство“, вели министерота Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања