Николоски: Митот за Ахмети се сруши со ставањето на Груби на црната листа на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ali-ahmeti

Министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Ахмети на кој што тој се држел, но пропадна за само неколку месеци во опозиција, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

— реклама —

„Првиот беше дека е чесен, со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите кои што главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ тој мит падна. Вториот мит беше дека прави што прави, секогаш е во Влада, еве не е“, нагласи Николоски и додаде дека ги лажел неговите членови дека за три или шест месеци ќе влезат во Влада, па ќе имало избори локални со парламентарни, но видовме дека ништо од тоа не се случи.

„Третиот мит кој што веќе од вчера се руши е дека прави што прави, ги штити своите луѓе. После она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се сруши. Така да, трите столба на кој што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат“, појасни Николоски.

— реклама —

Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е целосно неодговорно.

„Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, кој што оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт, пушта други таму, а тој седи во собрание и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување“, заклучи Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања