Промени тема
Контакт

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.

„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.

— реклама —

Тој најави дека е избран изведувач за првата делница – од Зелениково, преку Драчево, Кисела Вода и Аеродром, до новата железничка станица – и дека деновиве ќе биде воведен во работа. Според него, напролет ќе биде пуштена во употреба првата линија. „Следната година, во рамки на финансиските можности, ќе избереме изведувачи и за другите две линии и ќе го заокружиме железничкиот прстен. На тој начин ќе обезбедиме евтин, точен и брз превоз и ќе ја намалиме гужвата во Скопје,“ додаде тој.

— реклама —

Николоски најави и дека веднаш по изборите ќе биде распишан нов тендер за 120 еколошки автобуси – 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. „ЈСП мора целосно да ја обнови флотата. Сега има околу 250 автобуси и сите тие треба да бидат заменети во годините што следуваат. Тука градот ќе има огромна поддршка,“ рече Николоски.

— реклама —

Заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тој денеска изврши увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода, каде што најавија и пробивање на улицата „Есенинова“ на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања