Промени тема
Контакт

Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно “Кичево – Охрид” со ниту еден друг проект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nikoloski08042024

Нејасно е како 12 години не е решена експропријацијата за автопатската делница Кичево-Охрид и за тоа директно е одговорна претходната Влада. Детектиравме три главни проблеми и во овој летен период максимално ќе се посветиме на нивно разрешување за конечно да ја одглавиме изгрaдбата на оваа автопатска делница, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.

— реклама —

Како што кажа министерот Николовски, се уште не е решена експропријацијата, не се решени имотно правните работи со бензински пумпи кои се лоцирани на самата траса на автопатот, како и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

— реклама —
— реклама —

“Најголем дел од работното време плаирам да го трошам за разрешување на проблемите со автопатската делница Кичево - Охрид и изградбата на автопатите на Коридор 8. Мислам дека веќе наесен ќе презентирам добри вести и проектите ќе тргнат во посакуваната насока. Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрисд, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации. Нема да дозволам пак да се случи Кичево – Охрид со ниту еден друг проект во инфраструктурата, истакна министерот Николоски.

Тој уште еднаш го повика Јавното обвинителство да биде поефикасно и да ги истражи наводите за евентуална злоупотреба на буџетските пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања