Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Инвестициите во инфраструктурата и авиосекторот придонесоа за значителен раст на туризмот и авиосообраќајот во државата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Според Николоски, бројот на патници на двата меѓународни аеродроми бележи раст од над 32 проценти, додека бројот на странски туристи е зголемен за околу 20 проценти.

— реклама —

„Направивме амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се веќе видливи. Имаме раст од над 32 проценти на бројот на патници на двата аеродроми, отворени се 28 нови дестинации, а бројот на странски туристи е зголемен за околу 20 проценти“, рече Николоски.

Тој посочи дека по воведувањето на новата методологија за привлекување авиокомпании, која е одобрена и од Европската Унија, веќе се забележуваат конкретни резултати.

— реклама —

„За периодот од јануари до мај имаме околу 1,6 милиони патници на двата аеродроми. Очекувам до крајот на годината да ја надминеме бројката од 3,5 милиони патници, а во следните неколку години да достигнеме и до четири милиони“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека во моментов се реализираат и значајни инфраструктурни проекти за подобро поврзување на аеродромите. Во однос на скопскиот аеродром, Николоски најави проект за железничко поврзување, при што железничката линија би завршувала непосредно пред терминалната зграда.

— реклама —

Паралелно, како што рече, се работи и на подобрување на патната инфраструктура кон источниот дел од државата, вклучително и изградба на нов експресен пат кој ќе овозможи подобро поврзување со Коридорот 10.

Во делот на охридскиот аеродром, Николоски информираше дека е во тек целосна реконструкција и надградба на терминалната зграда, што, според него, дополнително ќе придонесе за зголемување на бројот на патници.

— реклама —

„Во моментов работиме на целосна реконструкција и надградба на терминалната зграда и придружните објекти на охридскиот аеродром. Очекувам во следните два до три месеци сите активности да бидат завршени“, рече Николоски.

Тој додаде дека следен предизвик ќе биде обезбедувањето квалитетни сместувачки капацитети за дополнителните туристи, особено во периодот од октомври до мај, тема за која, како што најави, ќе се разговара и за време на претстојната мисија на УНЕСКО во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања