Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Николоски: Пендаровски и Ковачевски се фатени во лага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Денеска ќе продолжиме околу скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од страна на контроверзниот странски консултант Асаф Исеин. Имено овие денови излегувам со сознанија кои се поврзани со неговата спорна улога во македонските избори парламентарни и претседателски.

— реклама —

Изминативе денови Стево Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и кажа дека тоа го направил како состанок со лице ангажирано од страна на СДСМ. Во исто време претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски демантира дека има таква работа. Но, фактите го говорат токму спротивното. Имено во последните дваесеттина дена повеќе од 10 дена ова лице Асаф Исеин е присутно во Скопје и е често виден гостин во седиштето на СДСМ. Па, се поставува прашањето дали можеби е заинтересиран за македонско државјанство по кое би се зачленил во СДСМ затоа што верува во нивната програма или вистината е можеби она што го кажува Стево Пендаровски, а тоа е дека е ангажиран од страна на СДС.

Имајќи предвид дека имаме сериозни сознанија дека е ангажиран од страна на СДС очигледно е дека Пендаровски и Ковачевски се фатени на дело како и едниот и другиот лажат за ангажманот на ова лице.

— реклама —

Прашањето кое до денес не го одговорија е кој ќе го плаќа ова лице и зошто договорот со него не е евидентиран од страна на СДС како што прават политичките партии обично кога ангажираат странски консултанти.

— реклама —

Колку чини неговиот ангажман и дали можеби тој е платен од страна на некои надворешни држави и странски држави кои би сакале да се вмешаат во изборите во Македонија и дали знаат дека со ова прават тешко кривично дело доколку е така или можеби го плаќаат дома, од домашни извори но не преку сметка туку можеби оди плаќањето во кеш што е исто така тешко кривично дело.

Второто прашање кое што се наметнува е која е неговата улога овде и што точно треба да прави, и трето да поставам еве ново прашање и да фрлам нова ракавица, дали е вистина или не дека ова лице има локална поддршка од страна на најмалку една маркетинг агенција која спроведува анкети и една пиар агенција која снима спотови и дали главното седиште на оваа екипа која му помага пред се во делот на снимање на видео спотови кои масовно се споделуваат овие денови се со црна кампања за ВМРО-ДПМНЕ дали седиштето на овие лица кои ги снимаат спотовите е во еден хотел на кејот на „Вардар“ и каква е нивната улога?

— реклама —

Така што еве фрлена ракавица со ново прашање која сакаме дополнително да се разоткрие улогата на ова лице.", изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Николоски: Градежните работи за градскиот воз се во финална фаза, до 21 август треба да биде извршен технички прием на првата делница

Македонија | пред 6 часа

media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Николоски: Македонија доби 149,2 милиони евра грант за Коридорот 8

Македонија | пред 6 часа

media-librarycaphbahapvdde48wr5h

Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари

Македонија | пред 6 часа

media-librarysm1oqu8tpkivevU6sTi

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, за еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања