Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Стево Пендаровски вчера призна дека користи консултантски услуги од контроверзниот консултант Асаф Исеин.

Стево Пендаровски вчера призна дека Асаф Исеин дава консултантски услуги на Стево Пендаровски.

Прашањето е дали тие консултантски услуги е само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се работ на законот.

— реклама —

Исто така Стево Пендаровски вчера пред целата македонска јавност призна дека Асаф Исеин е ангажиран од СДСМ, политичката партија која го кандидира Стево Пендаровски за претседател во 2019тата и 2014тата година и која што ќе го поддржи на овие претседателски избори кои што тој ќе ги изгуби.

После ова јавно признание на Стево Пендаровски дека Асаф Исеин е консултант на СДСМ се поставуваат неколку прашања.

Првото прашање е на кој начин е овој контроверзен консултант ангажиран? Уште колку лица заедно со него се ангажирани? Колку чини неговиот ангажман и кој го плаќа неговиот ангажман? Од која сметка се плаќа неговиот ангажман? Дали се плаќа од сметката на СДСМ, и ако е така зошто го нема во ревизорските извештаи на СДСМ?

— реклама —

Доколку пак е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите.

Понатаму, се поставува прашањето дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски.

— реклама —

Доколку е така се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека забрането е финансирање на избори од страна на странски извори и странски држави.

Според нашите сознанија во последните 20 дена 3 пати Асаф Исеин престојувал во Македонија на по неколку дена, што значи дека последните 20 дена најмалку 10-тина дена бил присутен во Македонија.

Колку пати се сретнал со Стево Пендаровски, со кој друг се сретнал од СДС, што за нив ќе прави, колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа неговиот ангажман и зошто го нема во ниеден извештај на СДСМ?

— реклама —

Исто така како е возможно лице кое е ангажирано од политичка партија да остварува средби со претседател на држава во службени простории на претседателот на државата и да одговорат и СДСМ и Стево Пендаровски кои се другите лица по потекло од Хрватска и Романија кои доаѓаат со него и на кој начин тие се ангажирани.

Почитувани пријатели, на раб сме на огромна афера, огромен скандал кој во себе вклучува потенцијални изборни нерегуларности и нелегално финансирање на изборна кампања.

Очекуваме одговори и очекуваме надлежните институции да се позанимаваат со ова прашање.", вели Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Николоски: Градежните работи за градскиот воз се во финална фаза, до 21 август треба да биде извршен технички прием на првата делница

Македонија | пред 6 часа

media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Николоски: Македонија доби 149,2 милиони евра грант за Коридорот 8

Македонија | пред 6 часа

media-librarycaphbahapvdde48wr5h

Николоски: Заврши тендерот за набавка на 150 нови електрични автобуси, првите 30 ќе пристигнат до декември или јануари

Македонија | пред 6 часа

media-librarysm1oqu8tpkivevU6sTi

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, за еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања