Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Во Прилеп се реализираат инфраструктурни проекти вредни околу 9,5 милиони евра преку повеќе програми на Министерството за транспорт, а паралелно продолжува и изградбата на автопатот Прилеп–Битола, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општината.

— реклама —

Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски, изврши увид во реализацијата на инфраструктурните проекти во Прилеп.

Според Николоски, преку програмите на Министерството за транспорт во општината се вложуваат вкупно 580 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра. Средствата се наменети за изградба и реконструкција на улици, водоводна и канализациска инфраструктура, како и за урбан развој.

— реклама —

Дополнително, околу 1,5 милиони евра се вложуваат во изградба на зграда со социјални станови. Николоски најави дека објектот треба да биде завршен до крајот на годинава, а становите да бидат доделени и вселени до пролет.

— реклама —

„Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти“, порача Николоски.

Тој се осврна и на изградбата на автопатската делница Прилеп–Битола, оценувајќи дека работите се одвиваат со добра динамика.

— реклама —

„Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, во две насоки, 3+3 ленти со изградени помошни патишта, ги очекувам веќе следната година“, изјави Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања