Промени тема
Контакт

Николоски: Приоритет е домашните компании да работат на изградба на инфраструктурата во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nikoloski25012022

Моја заложба број еден ќе биде средствата кои што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата но уште повеќе знаењето на градежниците да останува тука и да се надградува и со тоа искуство да сме компетитивни надвор, истакна министерот за транспорт Александар Николоски на денешната трибина посветена за развој на градежништвото.

Тој изрази жалење тоа што во последните години Македонија заостанува во делот на ангажирање на домашните компании за капитални проекти и во следниот период најави преземање на сериозни чекори таа состојба да се промени.

— реклама —

"Пред нас имаме реализација на големи инфраструктурни проекти. Планирам заедно со ЈПДП да целосно ја откочиме работата на автопатот Охрид – Кичево. Понатаму, да почне да се работи и да се изгради автопатот од Кичево до Букојчани. Очекувам во скоро време исто така со ЈПДП да го завршиме Прилеп – Градско, како и сериозно да се посветиме на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од Прилеп до Битола и зошто да не да зголемиме со уште некоја друга делница како рационално би ги потрошиле средствата на македонските граѓани”, изјави министерот Николоски.

— реклама —

Во однос на развојот на Железницата, министерот истакна дека приоритет е развојот и модернизација на Коридор 10.

"Имаме различни концепти, но се надевам дека во следниот период и со меѓународните кредитори и со меѓународните донори ќе најдеме заедничко решение да изградиме најефикасна пруга низ која што ќе поминуваат најмногу товарни возови и најмногу патници. Јас мислам дека приоритет број еден за Македонија треба да е Коридорот 10 затоа што тоа е коридор кој што носи пари во Македонија и кој што носи профит во Македонија и тоа е првиот коридор кој што треба да го развиваме заедно со Македонски железници Инфраструктура," истакна Николоски.

— реклама —

Според Деканот на Градежен факултет, постои загриженост за намалување на интересот за студирање на факултетот во услови кога во државата има крупни капитални проекти.

"Само со трипартитна соработка помеѓу државата, односно Владата, образованието односно Факултетот и стопанството претставено преку Стопанските комори може да се изнајдат решенија кои ќе доведат до тоа да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП и дури и да ја направиме да биде извозна", изјави деканот на Градежен факултет, Горан Марковски.

Трибината беше во организација на Градежен факултет, по повод 75 години од основањето на Градежен факултет-Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања