Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarymsj4ie98d7midnaWkhh

,,За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник“, истакна  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на средбата со граѓани во Брвеница.

,,Успешните треба да се наградуваат и затоа во општината инвестираме во повеќе проекти кои целосно ќе го променат ликот и ќе го подобрат животот на жителите“, вели Николоски.

— реклама —

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски:

,,Улицата "Браќа Јаниќ" во општина Брвеница е дел од еден поголем проект кој што го работиме заедно со Светска Банка. Тука инвестираме некаде околу 10 милиони денари, за целосно уредување на улицата и ова ќе биде една прекрасна улица, драго ми е што цела една нова населба се развива тука и драго ми е што општина Брвеница расте, луѓе доаѓаат и се доселуваат тука. Исто така, она што можам да го најавам, е дека по насока на Владата и Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на нешто што беше децениско барање на жителите на општина Брвеница, а тоа е клучка која што ќе ја поврзува општината директно на автопатот. Знаете дека сега од едната страна има влез, од другата страна нема влез, така што, ќе имаме целосно решение кое ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места кои што гравитираат кон општината.  Кажа градоначалникот дека од првиот повик сите средства се искористени и сакам да му честитам за тоа. Во однос на вториот повик имаме околу 60 милиони денари, се работи за некаде десетина проекти кои што ќе ги реализираме и сакам да најавам уште една работа вечерва. Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек кој целосно ја трансформира општината, свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни, свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот против кандидат, затоа што нема што да каже, не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил позади себе и затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие втор мандат, а во вториот мандат првиот состанок ќе му биде со мене. Имаме резервирано дополнителни средства во Министерството за транспорт, и најавувам дека за општина Брвеница ќе има специјален буџет, кој што ќе е дополнителен. Готовите проекти кои што ќе ги донесе градоначалникот, ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт и ќе бидат реализирани, затоа што успешните треба да се наградуваат“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylua98gnvbs5v1oHdTxY

Николоски: Над 70 % раст во авиосообраќајот споредено со Владата на Заев

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryh2qmbd26q03v8jnCU1e

Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции од 74 % во првите четири месеци

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

До крај на годината завршува Кичево–Охрид, следува поврзување со Бугарија, најави Николоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarylua98gnvbs5v1oHdTxY

Николоски: Силни инвестиции во Коридор 8 и Коридор 10

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања