ВО ЖИВО

ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryrnlo4dles79qa3tSdFp

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја промени општината, браната Коњско, како и најголемиот инфраструктурен проект, а тоа е брзата пруга Скопје-Солун.

— реклама —

,,Во последниве една година и 3 месеци со Владата предводена од премиерот Мицкоски, работите се сменија, Гевгелија доби огромна поддршка. Гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма која што е во тек“, рече Николоски.

Николоски истакна дека се работи на реконструкција и реставрација на заштитената стара чаршија во Гевгелија.

— реклама —

,,Интензивно работевме да се обезбеди цела документација со цел да имаме реставрација одобрена од сите надлежни институции и да стане еден повторно нов симбол на градот“, кажа Николоски.

Тој зборуваше и за изградбата на обиколницата околу Гевгелија, Западниот булевар, кој целосно ќе ја смени општината и начинот на функционирање како и начинот на сообраќајот, а го спомена и проектот за браната Коњско.

,,Булеварот ,,Свети Климент Охридски“, кој што беше поддржан од Владата, преку програмите коишто ги има во рамки на Владата. А исто така се проектите коишто ги почнуваме во овој момент, тука е секако браната Коњско, којашто го виде светлото на денот и е при крај на реализација токму откако беше избрана оваа Влада, затоа што нејзината изградба беше целосно запрена“, истакна Николоски и додаде:

,,Во моментов се проектира патот од брана Коњско до Ново Коњско околу 10 километри. Се очекува, во 2027 година да е завршен, до тогаш треба да е наполнета и браната и да имаме уште едно вештачко езеро во Македонија. Така работи ВМРО-ДПМНЕ“.

Николоски се осврна на патната делница од Смрдлива Вода до ски центарот ,,Кожув“, и истакна дека се работи да се врати туризмот таму, а спомена и три проекти кои започнуваат сега. Во неговото обраќање, тој зборуваше и за водоводни канализациони системи на којшто се работеше изминатиов период.

,,Тука се и три проекти коишто сега почнуваат, коишто за мене се навистина драги, во Моин, во Прдејци и во Богородица, за целосна реконструкција на улиците таму. Тука се и бројни водоводни канализациони системи, и бројни други проекти коишто се работеа во изминатиов период, а уште многу следуваат во годиниве коишто се пред нас“, вели Николоски.

Николоски го нагласи и најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, која ќе биде втората најголема железничка станица во земјава после скопската.

,,Најголемиот инфраструктурен проект, којшто, не само Македонија, туку цела југоисточна Европа ќе го види, тоа е брзата пруга Скопје-Солун. Втората најголема железничка станица после скопската ќе е гевгелиската железничка станица, до Скопје ќе се патува за час и 10 минути до Солун за половина час“, рече Николоски и додаде:

,,Тоа ќе значи многу и за бизнисот, затоа што солунското пристаниште буквално ќе е на дланка за сите компании кои што извезуваат, а најавувам дека веќе е избран изведувач и за многу брзо време ќе почнеме и на проширување на постојниот граничен премин. Ќе се додадат дополнително ленти, со цел бизнисот, оние кои што се занимаваат со транспорт, полесно да може да функционираат“.Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја промени општината, браната Коњско, како и најголемиот инфраструктурен проект, а тоа е брзата пруга Скопје-Солун.

,,Во последниве една година и 3 месеци со Владата предводена од премиерот Мицкоски, работите се сменија, Гевгелија доби огромна поддршка. Гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма која што е во тек“, рече Николоски.

Николоски истакна дека се работи на реконструкција и реставрација на заштитената стара чаршија во Гевгелија.

,,Интензивно работевме да се обезбеди цела документација со цел да имаме реставрација одобрена од сите надлежни институции и да стане еден повторно нов симбол на градот“, кажа Николоски.

Тој зборуваше и за изградбата на обиколницата околу Гевгелија, Западниот булевар, кој целосно ќе ја смени општината и начинот на функционирање како и начинот на сообраќајот, а го спомена и проектот за браната Коњско.

,,Булеварот ,,Свети Климент Охридски“, кој што беше поддржан од Владата, преку програмите коишто ги има во рамки на Владата. А исто така се проектите коишто ги почнуваме во овој момент, тука е секако браната Коњско, којашто го виде светлото на денот и е при крај на реализација токму откако беше избрана оваа Влада, затоа што нејзината изградба беше целосно запрена“, истакна Николоски и додаде:

,,Во моментов се проектира патот од брана Коњско до Ново Коњско околу 10 километри. Се очекува, во 2027 година да е завршен, до тогаш треба да е наполнета и браната и да имаме уште едно вештачко езеро во Македонија. Така работи ВМРО-ДПМНЕ“.

Николоски се осврна на патната делница од Смрдлива Вода до ски центарот ,,Кожув“, и истакна дека се работи да се врати туризмот таму, а спомена и три проекти кои започнуваат сега. Во неговото обраќање, тој зборуваше и за водоводни канализациони системи на којшто се работеше изминатиов период.

,,Тука се и три проекти коишто сега почнуваат, коишто за мене се навистина драги, во Моин, во Прдејци и во Богородица, за целосна реконструкција на улиците таму. Тука се и бројни водоводни канализациони системи, и бројни други проекти коишто се работеа во изминатиов период, а уште многу следуваат во годиниве коишто се пред нас“, вели Николоски.

Николоски го нагласи и најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, која ќе биде втората најголема железничка станица во земјава после скопската.

,,Најголемиот инфраструктурен проект, којшто, не само Македонија, туку цела југоисточна Европа ќе го види, тоа е брзата пруга Скопје-Солун. Втората најголема железничка станица после скопската ќе е гевгелиската железничка станица, до Скопје ќе се патува за час и 10 минути до Солун за половина час“, рече Николоски и додаде:

,,Тоа ќе значи многу и за бизнисот, затоа што солунското пристаниште буквално ќе е на дланка за сите компании кои што извезуваат, а најавувам дека веќе е избран изведувач и за многу брзо време ќе почнеме и на проширување на постојниот граничен премин. Ќе се додадат дополнително ленти, со цел бизнисот, оние кои што се занимаваат со транспорт, полесно да може да функционираат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

aleksandar-nikoloski

(Видео) Николоски: Најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево го решаваме со изградба на 14 галерии

Настани | пред 5 дена

aleksandar-nikoloski

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Македонија | пред 1 месец

media-libraryei7trq3qm6ku9ha854n

Николоски: За само една година обезбедивме 21 нова авионска дестинација, наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид

Македонија | пред 1 месец

media-librarytdi5g94fofqi2wdggDK

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања