Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Николоски: Со општина Прилеп работиме на изградба на обиколница. Прилеп е во фокусот на Владата, реализираме големи инфраструктурни проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryu29b6m4frvvn03ln4lA

Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, по што Владата ќе ја преземе обврската за нејзино финансирање и изградба, изјави министерот за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Прилеп.

Тој, заедно со градоначалникот Борче Јовчески, изврши увид во реконструкцијата на улицата „Кеј 1-ви Мај“, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со Светска банка.

— реклама —

Николоски најави засилена поддршка од Владата за реализација на инфраструктурни проекти во Прилеп, посочувајќи дека во наредниот период ќе се работи и на улицата „11 Октомври“, како и на мерки за смирување на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста.

„Најважен проект е обиколницата на градот, за која општината веќе работи на проектирање. По неговото завршување, Владата ќе преземе обврска да обезбеди средства и изведувач за реализација“, истакна Николоски.

— реклама —

Тој додаде дека се реализираат и други крупни инфраструктурни зафати во регионот, меѓу кои експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, како и автопатската делница Прилеп–Битола, со што Прилеп останува во фокусот на владините инвестиции.

— реклама —

Градоначалникот Јовчески најави забрзување на тековните проекти и нови инвестиции во општината, вклучително и изградба на нови паркинг-места, со цел подобрување на урбаното живеење и поттикнување на локалниот економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Извештајот на Светска банка покажува дека Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryo6mhm9m272lm73VQxKn

(Видео) Уште 10 километри од автопатот Кичево – Охрид наскоро ќе бидат пуштени во употреба, најави Николоски

Македонија | пред 4 дена

media-libraryg1djl382hiu32OaAcgH

По кражбата на енергетската инфраструктура за железница, Николоски уверува: Градскиот воз стартува на 1 септември

Македонија | пред 5 дена

media-libraryt5sm7thumouddGgfmOs

Две галерии на автопатот Охрид – Кичево целосно завршени, третата во изградба

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања