Промени тема
Контакт

Николоски: Со позајмицата од 500 милиони евра ќе го поддржиме стопанството и ќе ги развиеме општините, Унгарија докажа дека е верен пријател на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

„Ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка“ истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија.

— реклама —

„Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3.25%, што е историски најниска камата“, појасни Николоски.

— реклама —

Министерот додаде дека тоа што е уште поважно а што го најави и претседателот на Владата Мицкоски е дека со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините кои што доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.

„Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините“, Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна Македонија, развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ“, истакна Николоски.

— реклама —

Во текот на гостувањето Николоски се осврна и на нападите од страна на политичката партија СДСМ за позајмените средства.

“ Само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе. Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах”, потенцираше Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања