Промени тема
Контакт

Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fani-karanfilova

Викеднов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

— реклама —

Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.

— реклама —
— реклама —

“Поеклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори“ - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде дека здраво е да се има силна опозиција, но како што рече во моментов не може да се дефинира која е главната опозициона партија, дали СДСМ, ДУИ или Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања