Николоски: Темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица е во очај и тешка паника и затоа треба масовна излезност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8q11fqpj9ei76w6izIZ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Николоски зборуваше за опозициската структура, СДСМ-ДУИ-Левица, кои како што кажа, водат црна кампања за претстојните локални избори. Тој упати и прашање до претседателот на СДСМ, околу случувањата со ковид кризата во земјава, во време кога Венко Филипче беше министер за здравство. Николоски потсети на скандалозните тендери со вакцините, како и недостатокот на вакцини, а и на тоа дека Македонија за време на неговиот мандат се искачи на врвот на црните листи, поради неговото лошо менаџирање со здравствениот сектор.

— реклама —

,,Целокупниот фокус на Владата е насочен кон подобрување на стандардот, кон подобрување на начинот на живот. Но, исто така, мора да знаеме дека на другата страна, имаме структура, имаме луѓе коишто поинаку размислуваат, кои што сакаат да не вратат назад. Тоа е темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица, коишто водат најцрна можна кампања, откако сме виделе кампања во избори. Тие се во очај, во тешка паника, и затоа треба масовна излезност. За да ставиме точка, да не оставиме простор на ниеден од нив, да мисли дека овие процеси се повратни и да мислат дека било што можат да направат за повторно да дојдат во позиција да одлучуваат за иднината на Македонија“, рече Николоски и додаде дека оваа коалиција треба да исчезне по локалните избори:

— реклама —

,,Таа коалиција на Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Апасиев, треба да исчезне после овие избори, со цел да можеме да се фокусираме на она што е најбитно, најзначајно, а тоа е економскиот раст и просперитет“.

— реклама —

Николоски упати прашање до претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во врска со состојбата за време на ковид пандемијата, кога Министерството за здравство беше под покровителство на Филипче. Прашањето се однесуваше на, како што вели Николоски, црната статистика, според која Македонија заврши на врвот на истата, поради лошиот менаџмент од страна на Филипче, што ги доведе граѓаните да чекаат донации од други земји, или да одат во тие во регионот.

,,Со денови претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одбегнува еден одговор, на едно многу едноставно прашање, а тоа е: Како дозволи како министер за здравство да Македонија во црните листи, за жал е на врвот, односно Македонија најлошо да се справи со корона кризата и зошто десетици, стотици семејства останаа завиени во црно, заради неговиот лош менаџмент во здравството, заради криминалните тендери со набавка на вакцини. Па кога истата шема беше откриена, од нас тогаш како опозиција, да нема никакви вакцини и да треба луѓето да одат во соседните држави, за да можат да си го спасат животот или да чекаме тука донации. Тука беа и набавките по три пати до десет пати повисоки цени на заштитна  опрема, што не донесе како држава на црната статистика во врвот. Може ли да даде одговори кога оди и вели салата правел или не знам што правел, како Македонија стигна до овие бројки“, вели Николоски.

Според Николоски, одговорот на прашањето е едноставен: ,,Одговорот е многу едноставен и затоа бегаат, како што и во тоа време мислеа само на криминал и корупција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Четири функционери на пат да останат без функциите во ВМРО-ДПМНЕ оти Мицкоски планира да ги укине потпретседателските позиции

Македонија | пред 13 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ се закани со тужба: Ако СДС има докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до ЈО

Македонија | пред 19 часа

Screenshot-2025-03-11-at-12.43.30

ВМРО-ДПМНЕ: Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица

Македонија | пред 20 часа

trendafilov

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов по насока на СДС и Левица одбива зголемување на платите до 40%

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања