Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Зголемување на трговската размена, подобрување на транспортната поврзаност и забрзување на европската интеграција беа дел од темите на средбата меѓу вицепремиерот Александар Николоски и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, одржана во рамките на работната посета на Николоски на Црна Гора.

Соговорниците разговарале за можностите за продлабочување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за регионалниот развој и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија.

— реклама —

На средбата било истакнато дека Македонија и Црна Гора се блиски партнери и дека во наредниот период ќе работат на проширување на соработката, особено во економијата и евроинтегративните процеси.

— реклама —

Посебно внимание било посветено на можностите за поголема трговска размена и унапредување на економските врски, како и на подобрување на патната и воздушната поврзаност меѓу двете држави.

Николоски нагласил дека Владата го смета регионалното поврзување за важен дел од развојната политика. Според него, модернизацијата на патиштата и железниците, како и полесното движење на луѓето и стоките, се значајни предуслови за отворање нови пазари, привлекување инвестиции и поттикнување на економскиот раст.

— реклама —

Во разговорите била истакната и европската перспектива на Западен Балкан, при што соговорниците се согласиле дека иднината на регионот е во Европската Унија. Било посочено дека посилната соработка меѓу земјите од регионот може да придонесе за забрзување на реформите и напредок во евроинтегративниот процес.

На политички план, Николоски и Спајиќ разговарале и за актуелните состојби во Западен Балкан, регионалната стабилност и безбедноста, како и за потребата од подобра координација и усогласен настап пред европските партнери.

На крајот од средбата било оценето дека постојат неискористени можности за продлабочување на партнерството, со цел да се постигнат конкретни резултати преку повеќе инвестиции, подобра поврзаност, зголемена трговска размена и побрза европска интеграција на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања