Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Во завршна фаза законските измени за изградба на дата-центри во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library5ld3qvnk4jcbfoCvNWD

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со кои ќе се овозможи изградба на дата-центри во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Според него, новите законски решенија ќе придонесат за привлекување нови инвестиции, отворање работни места и раст на бруто домашниот производ.

— реклама —

„Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со кои ги следиме најновите светски трендови во развој на дата-центри. Со развој на вештачката интелигенција и целосната револуција што му се случува на светот, дата-центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи дата-центри“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој појасни дека се планира централизирано управување со процесот во рамки на Владата, со цел инвеститорите да добијат однапред подготвени локации и проекти за инвестирање.

— реклама —

„Тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија, нови вработувања и раст на БДП. За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои се во финална фаза, со кои овозможуваме организирана изградба на дата-центри и следење на светските трендови во развојот на вештачката интелигенција“, додаде вицепремиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања