Промени тема
Контакт

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

 Вицепремиерот Николоски истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројката од 3,5 милиони патници на годишно ниво.

— реклама —

“ Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот. Утрово слета првиот лет од Вроцлав од Полска, целосна нова дестинација која што никогаш претходно не оперирала во Македонија, а на 9 јуни во вторник ќе слета и првиот лет од Катовице исто така од Полска. Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, отвараме две значајни рути кои што ќе значат дека полските туристите можат да го посетуваат Охридскиот регион, да го посетуваат Охрид, Струга, Дебарца,  локалните економии овде да растат и туризмот да расте, но исто така овие летови не се само туристички, овие летови не се само сезонски, тие треба да донесат дополнителна вредност на целиот овој регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела повторно почнува да лета дестинацијата Белград-Охрид и Истанбул-Охрид, тогаш веќе приказната се заокружува. Бројките се одлични, бројките се, би рекол неочекувани”- истакна вицепрeмиерот Николоски.

— реклама —

Тој се заблагодари на одличната соработка со ТАВ и пратениците во Собранието кои имаат свој придонес во реализација на владините политики за развој на авиосообраќајот и додаде дека нова цел е бројот на патници да надмине 4 милиони годишно.

— реклама —

“ Имаме далеку фантастични бројки, а тоа е дека во периодот јануари-мај оваа година, споредено со 2025 година, имаме раст од 31,2%, што не можете да го најдете на ниедни други два аеродроми. Тоа е доста сериозен раст, а ако споредиме дека минатата година имавме исто така доста сериозен раст, затоа што прв пат Македонија помина 3 милиони патници, тоа е една додадена вредност. Jaс минатата година реков дека е добро да се бориме во следните две до три години да стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници, но со ова темпо ние оваа година ќе стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници и ќе си поставиме нова цел, тоа е за неколку години да стигнеме и до 4 милиони патници, што мислам дека е врв за нашите два аеродроми имајќи предвид дека државата е од милиони и  800 илјади жители и бројот на патници далеку ќе го надмине бројот на жители” – истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library72im22a4udop1bXEIm0

Николоски: Градиме нов автопат за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Македонија | пред 5 дена

aleksandar-nikoloski

Николоски: Автопатот од Коридорот 8 ќе се гради до Ќафасан, останува да се избере трасата

Македонија | пред 6 дена

media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Николоски: Инвестираме преку 5, 56 милиони евра во изградба на булевари, улици и комунална мрежа во Струга

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhhefvfgs99oofPHJ3LY

„Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната“, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања