Промени тема
Контакт

Николоски: Второстепената комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nikoloski08042024

Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.

— реклама —

Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма - Мирсад Комерц.

— реклама —
— реклама —

“ Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милини евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги доби тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална”, истакна Николоски.

Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања