Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Њујорк тајмс: Демократијата умира, машините почнуваат да владеат – првиот експеримент е во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Додека довербата во демократските институции се урива, а вештачката интелигенција сè побрзо се развива, опасноста од предавање на човечките одлуки на машините расте. Албанија стана првата земја што направи вистински чекор кон т.н. алгократија – владеење на алгоритмите.

Во септември, премиерот Еди Рама објави дека сите владини одлуки за избор на приватни добавувачи кои обезбедуваат стоки и услуги во вредност од над милијарда долари годишно ќе ги донесува вештачка интелигенција по име Диела. Со тоа, Албанија ја препушта контролата врз јавните набавки – област во која со години се соочува со длабока корупција – на систем што треба да биде „непристрасен“ и „ефикасен“.

— реклама —

Сепак, авторите на текстот во „Њујорк тајмс“, Ерик Шмит (поранешен извршен директор на Google) и истражувачот Ендру Сорота, предупредуваат дека иако алгоритмите можат да ја зголемат ефикасноста, тие не можат да одлучуваат меѓу вредности – токму тоа што ја дефинира демократијата.

— реклама —

Без транспарентност за тоа како Диела доаѓа до своите заклучоци и без механизам за жалби, граѓаните можат да се чувствуваат беспомошно и исклучено од процесот. „Алгократијата“ може да стане нова форма на авторитарност – тивка, но технолошки напредна.

Авторите нагласуваат дека наместо да ја замениме демократијата со вештачка интелигенција, треба да ја искористиме технологијата за да ја направиме попаметна, поотворена и поодговорна. Пример за тоа е Тајван, каде преку платформата vTaiwan веќе една деценија се користат алатки базирани на ВИ за граѓански дебати и колективно одлучување.

— реклама —

Со помош на ВИ, тајванските граѓани предлагаат и гласаат за политики, а алгоритмите само го мапираат мислењето и ги истакнуваат точките на заеднички интерес, наместо поделби. Така, демократијата не се заменува – се проширува.

Но, прозорецот за такви решенија, велат авторите, се стеснува. Ако демократиите останат нефункционални, а ВИ станува сè помоќна, искушението да ѝ се препушти власта ќе расте.

„Албанија можеби ќе ја искорени корупцијата или ќе создаде нова нетранспарентност. Но едно е сигурно – Диела ќе има многу следбеници“, предупредува „Њујорк тајмс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aldnv0oklipaifhl2e

(Видео) Запалено Министерството за земјоделство во Тирана

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryuh4aononqcnk75LcjPY

„Рама мора да си оди“ – протестите во Албанија се шират, на студентите им се придружија и лекарите

Свет | пред 7 часа

media-libraryiqvfdk32kcb54vVKLoM

(Видео) Хаос во албанскиот парламент: Пратениците се степаа среде седница

Настани | пред 2 дена

media-libraryuh4aononqcnk75LcjPY

(Видео) Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар пред владата во Тирана – протестите во Албанија ескалираат

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања