Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нов аларм: 71 нов случај на ебола за 24 часа во Конго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ebola-kongo

Властите на Демократска Република Конго денес соопштија дека во изминатите 24 часа се потврдени 71 нов случај на ебола и предупредија на брзо ширење на оваа смртоносна болест во локалните заедници.

Со најновите податоци, вклучени во дневниот извештај за состојбата што го објави Министерството за здравство, вкупниот број потврдени случаи се зголеми на 452 од појавата на реткиот сој на ебола „бундибуџо“ на 15 мај, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Истовремено, се потврдени 82 смртни случаи.

— реклама —

Најголемиот број заболени и понатаму е во провинцијата Итури на североистокот на Конго, оддалечен регион со слаба здравствена инфраструктура и широка несигурност поради судири на вооружени групи.

Во изминатите 24 часа, 65 нови случаи се регистрирани во Итури и шест во провинцијата Северен Киву.

— реклама —

Случаи на ебола се регистрирани и во соседна Уганда.

— реклама —

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, најави шестмесечен план за борба против еболата вреден 518 милиони долари, повикувајќи на инвестиции и политичка посветеност за запирање на ширењето на епидемијата, која е веќе четврта по обем во историјата.

Стратегијата има за цел да ѝ помогне на Конго и соседна Уганда да го ограничат ширењето на епидемијата, како и да им помогне на другите земји да се подготват за можни случаи преку мерки што вклучуваат засилен граничен скрининг, соопштија СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања