Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Нов директор на Фондот за здравствено осигурување, истата негрижа на ДПМНЕ кон родилките“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Од Левица денеска преку соопштение обвинија дека доцнењето на исплатата на породилните надоместоци продолжува и покрај промените во раководството на Фондот за здравствено осигурување, оценувајќи дека институциите не го решаваат проблемот со кој, според партијата, се соочуваат голем број родилки.

— реклама —

Од партијата тврдат дека и во втората половина на јули има мајки кои сè уште не ја добиле исплатата за месец мај, оценувајќи дека доцнењето станало редовна практика.

Во соопштението Левица наведува дека породилниот надоместок е законски загарантирано право кое произлегува од работниот однос и уплатените придонеси, а не социјална помош. Според партијата, доцнењето на исплатите ги доведува родилките во тешка финансиска состојба во период кога имаат најголеми трошоци за новороденчето.

— реклама —

Левица упатува критики и кон Владата, обвинувајќи дека не обезбедува навремена поддршка за мајките и дека најавите за семејни политики не се придружени со конкретни мерки.

— реклама —

Воедно, партијата посочува дека нов директор на Фондот за здравствено осигурување е Златко Перински, но тврди дека промената во раководството не донела промена во исплатата на породилните надоместоци.

Од Левица бараат итна исплата на сите заостанати породилни надоместоци, воспоставување редовни рокови за месечните исплати и, како што наведуваат, одговорност од Фондот за здравствено осигурување за доцнењата.

— реклама —

Фондот за здравствено осигурување и Владата засега не се произнесоа по наводите изнесени во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 1 ден

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања