Промени тема
Контакт

Нов европски предизвик за ГРК „Тиквеш“: Кавадаречкиот клуб викендов против „Handball Esch“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library8t76u9u20e2m3BxgkNI

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оствари средба со раководството и ракометарите на ГРК „Тиквеш 2014“, посветена на почетокот на новата сезона, тековните активности и идниот развој на ракометот и спортот во градот.

— реклама —

На средбата беше истакнат успехот на кавадаречкиот клуб, кој четврта година по ред ја претставува Македонија на европската сцена. Нов европски предизвик за „Тиквеш“ следува овој викенд, кога во рамките на ЕХФ Европскиот куп ќе ги одмери силите со освојувачот на Купот на Луксембург, екипата на „Handball Esch“.

— реклама —

Развојот на спортот и создавањето услови младите да спортуваат, да ги усовршуваат своите способности и да ги развиваат спортските таленти остануваат меѓу приоритетите на Општина Кавадарци.

— реклама —

Од раководството на клубот упатија благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за континуираната поддршка и придонесот во развојот на ракометот.

Како знак на внимание, на градоначалникот му беше подарен и новиот автентичен дрес на ГРК „Тиквеш 2014“, во пресрет на новите натпреварувачки и европски предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Кавадарци ќе добие дом за стари лица со капацитет за 57 лица, најави градоначалникот Јанчев

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarym19nkt960qt82nIsMag

Затворениот базен во Кавадарци добива топлотни пумпи и нова опрема

Македонија | пред 2 дена

media-library5tstqi3usn468uCyr23

Започна изградбата на новиот Младински културен центар во Кавадарци

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycmvsq0ba93h37lY6OZS

Над 2,2 милиони денари за поддршка на првачиња и успешни ученици во Кавадарци

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања