Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во ТИРЗ Прилеп ќе донесе дополнителни 300 работни места, откако производниот капацитет на фабриката „ВИК“ ќе го достигне полниот обем, објави премиерот Христијан Мицкоски по отворањето на новиот погон.

Мицкоски денеска присуствувал на отворањето на новиот производен капацитет на „ВИК“, оценувајќи ја инвестицијата како значаен чекор за развојот на Пелагонискиот регион и македонската економија.

— реклама —
— реклама —

„Имаме нов производен капацитет, нова инвестиција, која кога ќе го достигне својот максимум, се очекува да обезбеди дополнителни 300 вработувања“, наведе Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека „ВИК“ е значаен партнер за Прилеп и Пелагонискиот регион, а како особено важно го издвојува тоа што инвестицијата е насочена кон циркуларната економија.

— реклама —

Според Мицкоски, станува збор за современ европски тренд кој овозможува создавање додадена вредност преку рециклирање, обновување и одржливо користење на ресурсите.

Премиерот нагласи дека Владата останува посветена на поддршка на инвеститорите, создавање поволна деловна клима и привлекување нови инвестиции кои ќе придонесат за економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 2 дена

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 4 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања