Промени тема
Контакт

Нови 30 дена притвор за онкологот Нино Васев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
nino-vasev

Основниот кривичен суд одлучи да му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште 30 дена.

Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд. Според него, притворот е неоправдан а обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела.

— реклама —

Спирковски нагласи дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека нема штета ниту основ за тешки обвиненија, и дека Апелација треба да одлучи без притисоци, исклучиво според закон и факти.

Како што кажа Спирковски, Обвинителството во две реченици навело оти бара притвор затоа што се сомнева дека од куќен притвор Васев може да избега надвор од државата само со лична карта.

— реклама —

„Ве молам, фактот е дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи претходно Апелација ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи. Се надевам дека сега е време тоа да се поправи“, изјави Спирковски.

— реклама —

Инаку на денешното рочиште како сведоци на Обвинителството, искази дадоа поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката за радиотерапија и онкологија кои на овие позиции биле додека обвинетите Васев и Нухи биле директори.

Тие одговараа на прашања поврзани со финансиското работење на Клиниката, а еден од нив не можеше да се сети на детали.

Друг сведок, член на Управниот одбор од 2018 до 2024 година, рече дека Васев на седниците на Управниот одбор во 2019 година, презентирал дека имаат дозволно средства и дека Клиниката успешно ќе ја заврши годината, но кога дошла директорката Виолета Клисаровска, на Управниот одбор му било кажано дека Клиниката има финансиски проблеми.

Управниот одбор одлуките ги носел со гласање на седниците, а за усвојувањето на годишните завршни сметки, кажа оти не се сеќава како гласала, но, дека биле донесени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања