Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,78 проценти во однос на претходната одлука од 4 мај 2026 година.

— реклама —

Од 12 мај 2026 година од 00:01 часот, максималните цени на горивата ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85,00 денари за литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,50 денари за литар

  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 89,50 денари за литар

  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94,00 денари за литар

  • Мазут М-1 НС – 49,968 денари за килограм

Според одлуката на РКЕ, цената на дизелот се намалува за 4 денари по литар, додека екстра лесното масло поевтинува за 4,5 денари по литар.

— реклама —

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува непроменета, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,5 денари по литар.

— реклама —

Од друга страна, мазутот поскапува за 0,248 денари по килограм.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот има благо зголемување.

— реклама —

Комисијата потсетува дека станува збор за максимални цени и дека трговците можат да формираат и пониски цени од утврдените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања