Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нови клупи, корпи и обновени летниковци: Се разубавува паркот „Македонија“ во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryhr9gvb7i7pb81BW7OaP

Уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош е во тек, а според градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, целта е создавање почисти, побезбедни и поуредени зелени површини за сите граѓани.

„Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој информираше дека во рамки на активностите се поставува нова урбана опрема, меѓу која клупи и корпи за отпадоци, а се уредуваат и летниковците кои секојдневно ги користат голем број посетители.

— реклама —

„Нашата обврска е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители. Затоа редовно ги одржуваме зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, но истовремено упатувам апел до сите граѓани да ги чуваме парковите како свој дом“, порача тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека во неговата програма е предвидена изградба на нови паркови и дополнителни зелени површини, со цел Скопје да добие повеќе простор за живот, рекреација и одмор.

— реклама —

„Да ги посетуваме нашите паркови, да уживаме во нив, но и да ги чуваме. Зеленилото е богатство кое им припаѓа на сите нас, но и на генерациите што доаѓаат по нас“, истакна Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања