Промени тема
Контакт

Нови трговски тензии меѓу САД и Кина: Царини и ограничувања на извозот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина и воведување ограничувања за извозот на критични технолошки производи, во обид да ја заштити националната економија од, како што оцени, „агресивниот став“ на Пекинг.

Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ напиша дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила „крајно непријателско писмо до светот“ со најави за контроли на извозот од 1 ноември 2025 година. Тој истакна дека новите царини ќе стапат во сила на истата дата или порано, во зависност од реакцијата на Кина, а дополнително ќе се воведат контроли и на целиот критичен софтвер.

— реклама —
— реклама —

Претседателот изрази сомнеж дали ќе се одржи планираната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неговата посета на Јужна Кореја, но додаде дека средбата „сè уште не е откажана“. Тој оцени дека последните потези на Пекинг можат да ја парализираат светската трговија и да им наштетат на бројни држави.

— реклама —

Трговските тензии меѓу САД и Кина се зголемуваат откако Пекинг објави проширување на ограничувањата за извоз на ретки земни метали и материјали критични за американската индустрија и производство на батерии. Од 1 декември, ќе биде потребна посебна дозвола за извоз на производи што содржат ретки метали со кинеско потекло или користат кинески технологии, а ограничувањата се прошируваат и на уште пет нови метали, графитни и батериски материјали. Кина, како најголем светски производител на ретки земни метали, има значителна економска и политичка предност во глобалната трговија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo45jf29oa345d4zmnj5

(Видео) Потоп во Кина: 54.000 луѓе евакуирани, улиците претворени во реки

Свет | пред 10 часа

media-librarynvi3dsrde4i1eMZCYWY

Роботите во Кина добија нови задачи: чистат домови, местат кревети и работат во библиотеки

Технологија | пред 3 дена

indija-raketa

Кина призна дека неуспешно го лансирала сателитот со ракетата „Long March 7A“

Свет | пред 1 седмица

media-library0atljrsl4m0b35SR3ds

(Видео) Тајфунот „Долфин“ ја погоди Кина: Евакуирани повеќе од милион луѓе, откажани 1.400 летови

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања