Промени тема
Контакт

Жителите на Ново Лисиче со нов апел до Орце Ѓорѓиевски: Јасна насока или следуваат протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче преку истоимената група повторно упатија апел до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, барајќи јасна и прецизна насока за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар.

— реклама —

Во реакцијата, граѓаните посочуваат дека и покрај изразената подготвеност за компромис од страна на градските власти, во последната објава нема конкретен одговор на нивното клучно барање – одложување на зоната во Реонски Центар сè додека не започне паралелна имплементација и во Ново Лисиче.

— реклама —

„Ве молиме за јасна и прецизна насока до ЈП ‘Градски паркинг’ за привремено одложување на зонското паркирање само во Реонски Центар, како и итно започнување со подготовка на теренот во Ново Лисиче“, стои во апелот.

Граѓаните бараат конкретни чекори – маркирање на паркинг-местата, поставување на соодветна сигнализација и истовремено воведување на зонското паркирање на двете локации, со цел да се избегне дополнително прелевање на проблемот од една во друга населба.

— реклама —

Во пораката потенцираат дека нивните барања не се политички мотивирани, туку произлегуваат од секојдневниот проблем со недостиг на паркинг-простор, кој, како што велат, може дополнително да се влоши доколку се продолжи со селективен пристап.

„Тоа се барањата на граѓаните. Очекуваме јасна насока за да имаме чиста слика сите“, порачуваат жителите, додавајќи дека решението постои доколку постои и разум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfjbv36f5tvfadIAMX6V

Од дива депонија до зелена оаза: Ново Лисиче добива парк од 71.000 м²

Скопје | пред 4 седмици

— реклама —
media-librarya19lt0ahta5611LlxLT

(Видео) „Живееш вечно, Кољо“: Емотивен крај на меморијалниот турнир во Ново Лисиче

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvlaojf8fjm9i6zwniJl

„Депонијата, џунглата и сламата кога ќе бидат средени?“ – прашува жител на Ново Лисиче

Коментари | пред 4 месеци

media-librarytm0prvi4he6m6AIBZMH

(Видео) По поплаките за бучава, граѓанин испрати видео од Детската улица во Ново Лисиче: „Музиката воопшто не е гласна“

Настани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања