До редакцијата на „Скопје1“ пристигна видео од Детската улица во Ново Лисиче, каде што се пушта музика од Тоше Проески. Во изминатиот период дел од жителите од овој дел на градот реагираа и се жалеа на, како што тврдеа, прегласна музика која го нарушува мирот.
Сепак, граѓанинот кој го испрати видеото тврди дека музиката воопшто не е гласна и дека снимката, според него, покажува дека атмосферата е мирна и далеку од обвинувањата за прекумерна бучава. На видеото музиката се слуша со умерен интензитет.
Жители на Ново Лисиче повторно се жалат на прегласна музика на улицата „Тоше Проески“: „Не можеме да спиеме“
Жителите на Ново Лисиче веќе подолг период реагираат на, како што велат, прегласната музика што се емитува на улицата „Тоше Проески“, барајќи од надлежните институции да преземат мерки и да обезбедат почитување на времето предвидено за одмор.Во објава на социјалните мрежи, жителка на населбата посочува дека проблемот трае со години и дека и покрај бројните поплаки, состојбата не е трајно решена. Таа наведува дека на 10 мај пријавила прегласна музика, по што јачината на звукот била намалена, но п
Скопје | пред 1 месец