Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Жители на Ново Лисиче повторно се жалат на прегласна музика на улицата „Тоше Проески“: „Не можеме да спиеме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarytm0prvi4he6m6AIBZMH

Жителите на Ново Лисиче веќе подолг период реагираат на, како што велат, прегласната музика што се емитува на улицата „Тоше Проески“, барајќи од надлежните институции да преземат мерки и да обезбедат почитување на времето предвидено за одмор.

Во објава на социјалните мрежи, жителка на населбата посочува дека проблемот трае со години и дека и покрај бројните поплаки, состојбата не е трајно решена. Таа наведува дека на 10 мај пријавила прегласна музика, по што јачината на звукот била намалена, но по извесен период повторно била засилена.

— реклама —

Според неа, музиката често се слуша и во доцните вечерни часови, што им создава проблеми на жителите кои сакаат мир и одмор во своите домови.

Жителката тврди дека по нејзината претходна објава добила бројни пораки од соседи со слични поплаки. Дел од нив, како што наведува, со години поднесувале претставки до надлежните институции и барале решение за проблемот.

— реклама —

„Нашето барање не е да нема музика. Бараме разум. Нека има музика во одредени часови, со соодветна јачина и со почитување на правото на жителите на мирен живот“, наведува таа во својата објава.

Жителите бараат да се најде решение кое ќе ги земе предвид интересите на сите граѓани, посочувајќи дека во околните згради живеат семејства со деца, повозрасни лица и луѓе кои имаат потреба од мир и одмор по завршувањето на работниот ден.

media-library2ni2n2ds3tue9z7fxmJ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче на протести од 1 април, доколку институциите не одговорат на барањето за одложување на зонското паркирање во Реонски центар

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче со нов апел до Орце Ѓорѓиевски: Јасна насока или следуваат протести

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi00h8nd2v8h7elTey97

Реконструкција во средишниот дел на Ново Лисиче – старите и дотраени плочки се заменуваат со нови

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања