Промени тема
Контакт

NYT: САД открија руски план за подметнување пожари во американски летови, Путин бил предупреден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
avion-voen

Русија се подготвуваше за диверзантски операции против САД со поставување експлозивни направи во товарните пратки и нивно испраќање по воздушен пат. Како одговор, САД го предупредија рускиот претседател Владимир Путин за последиците од „поддршката на тероризмот“, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани извори.

Во декември, генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Русија веќе долго време води не прикриена, туку отворена војна против земјите на НАТО. Тврдењата на Руте уследија по извештајот на ОБСЕ кој откри дека Русија извршила приближно 150 напади врз земјите на НАТО од почетокот на војната во Украина. Овие напади вклучуваат сајбер напади врз железници, болници, GPS системи и водни мрежи. Извештајот, исто така, ги нагласува хакирањето, саботажата и заканите за воените објекти и подводната инфраструктура.

Потеклото на операцијата со запаливи направи датира од летото кога на аеродромите и магацините во Германија, Велика Британија и Полска почнаа да се палат навидум безопасни товарни пратки. САД и Европа беа убедени дека Русија стои зад овие инциденти.

До август, според Њујорк тајмс, претставниците на Белата куќа станале сè позагрижени за разузнавачките извештаи кои сугерирале дека Москва планира многу поширока операција - пренесување на војната од Украина на американско тло.

— реклама —

За време на серијата состаноци во Кризната соба, високите советници на претседателот Џо Бајден ги анализираа пресретнатите комуникации меѓу високи функционери на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Тие дискусии опишаа пратки на стоки за широка потрошувачка кои се запалија, вклучително и мал електричен масажер што се користеше како уред за тестирање.

— реклама —

Откако Русите сфатија како пакетите се движат низ безбедносните системи за воздушно карго и колку долго траеше транзитот, следниот чекор беше да ги испратат овие предмети на летовите до САД и Канада со цел да предизвикаат пожари по растоварувањето на пакетите.

Во август, американскиот секретар за безбедност Алехандро Мајоркас воведе построги мерки за проверка на товарните пратки кои влегуваат во САД, според Њујорк Тајмс. До октомври, по повеќекратните предупредувања, тој ги притисна главните извршни директори на големите авиокомпании да ги забрзаат мерките за спречување на катастрофи при летот. Некои од овие безбедносни мерки беа јавно објавени, а други останаа во тајност.

— реклама —

Зад затворени врати, претставници на Белата куќа се обидоа да утврдат дали рускиот претседател Владимир Путин лично го наредил планот за саботажа или не бил информиран. Неколку официјални лица сугерираа дека диверзантските дејства можеби биле дело на офицерите на ГРУ кои дејствувале според општа директива за зголемување на притисокот врз САД и нивните сојузници во НАТО.

Според извори на Њујорк Тајмс, предупредувањата на крајот му биле доставени на Путин и се чини дека имале ефект. „Пожарите“ во Европа барем засега престанаа. Сепак, останува нејасно дали Путин лично наредил прекин на операциите и колку долго ќе трае затишјето. Постои можност Русија да го искористи ова затишје за да развие понапредни уреди кои потешко ќе се откријат при идни диверзантски напади, заклучуваат американските медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 11 час

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 21 час

media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања