Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Обвинет е во болница, па судењето за „Пулс“ утре нема да се одржи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Расправа за предметот со ознака К.бр.1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за 19 февруари 2026 година, е одложена поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Г.М., кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани, информираат од Кривичниот суд.

— реклама —

Како што соопштуваат од Судот, претседателот на судечкиот совет во текот на денот остварил телефонски контакти со лекарите задолжени за лекувањето на обвинетиот. Тие го известиле дека Г.М. во моментот не е во состојба да присуствува на главната расправа, но изразиле уверување дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и ќе може да продолжи да ја следи постапката.

Поради економичност на постапката и со цел да не се предизвикаат дополнителни трошоци, претседателот на советот за одлагањето ги известил бранителите, полномошниците и законските застапници на оштетените, сведоците, како и надлежните казнено-поправни установи и полициски станици.

— реклама —

Од Судот додаваат дека сите веќе определени последователни термини за одржување на расправата остануваат во сила.

Ова е второ одлагање на рочиште во овој предмет во краток период, откако претходно беше одложена расправата закажана за 14 јануари, бидејќи еден од обвинетите остана без адвокат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh8pgmcnu4luvczlcr1n

На слобода излегува уште еден осуденик за 27 април: Вили Гајда најавува враќање на сцената

Настани | пред 2 месеци

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 3 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 6 месеци

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Кривичен суд: Напаѓачот на Данела Арсовска останува во притвор до правосилност на пресудата

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања