Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против С.Б., во својство на директор на Царинската управа, С.М., помошник-директор во Царинската управа, Д.Г. како овластено лице во правно лице, А.С. како вработен во правно лице, како и против едно правно лице, поради сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка и коруптивни дејствија.
Според Финансиската полиција, постојат основи за сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година, С.Б. и С.М. ги повредиле прописите при спроведувањето на постапката за јавна набавка за надворешно одржување на хигиената на граничните премини и терминали.
Се сомничи дека С.Б., како директор на Царинската управа, влијаел во тендерската документација и техничката спецификација да бидат вклучени ограничувачки критериуми, додека С.М., како помошник-директор, влијаел врз други компании да не учествуваат во постапката за јавна набавка.
Со тоа, според пријавата, биле создадени услови за избор на конкретното правно лице и му била овозможена противправна имотна корист во вкупна вредност од 18.479.692 денари.
Финансиската полиција дополнително наведува дека А.С., користејќи го своето влијание, општествена положба и углед, барал, посредувал и влијаел кај С.Б. да бидат преземени службени дејствија кои не смееле да бидат извршени. Во содејство со Д.Г., според сомнежите, влијаеле и врз С.М., при што биле давани или ветувани подароци и други користи.
Во пријавата се наведува дека С.Б., во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, директно и индиректно побарал и примил подарок и друга корист за себе, дел непосредно, а дел посредно преку С.М.
Против пријавените се поднесени кривични пријави за кривичните дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „примање поткуп“, „давање поткуп“ и „примање награда за противзаконито постапување“.
За случајот понатаму ќе постапува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Мицкоски за Богоев: Истрагата ќе се проширува, следуваат акции и во други институции
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека е во тек истрага поврзана со поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, при што најави дека истрагата би можела да се прошири и на други институции.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека предметот се однесува на работењето во институција со која раководел Богоев во минатото.„Истрага е во тек. Точно е тоа за коешто вие прашувате. Станува збор за лице кое е поранешен градоначалник на општина
Македонија | пред 3 седмици