Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6ugq61aap6o06nwrI8s

Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

— реклама —

Од Судот велат дека жалбата во петокот била проследена до надлежното обвинителство, но јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сè уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

— реклама —

Богоев е осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

— реклама —
media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода и да се брани, но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби во постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија.Неговата адвокатка по рочиштето изјави дека станува збор за предмет од финансиска природа и оти одбраната смета дека присуството на осомничените можело да се обезбеди со поблаги мерки.„Неочекувано, искрено, таква одлука. Особено што станува збор за предмет којшт

Македонија | пред 3 седмици

Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката.

— реклама —
media-librarysa0uivi3ip7obfVKyLZ

Обвинителство со детали за истрагата во Царина: Се бара притвор за Богоев, осомничен дека примил мито од над 111.000 денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против С.Б., во својство на директор на Царинската управа, С.М., помошник-директор во Царинската управа, Д.Г. како овластено лице во правно лице, А.С. како вработен во правно лице, како и против едно правно лице, поради сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка и коруптивни дејствија.Според Финансиската полиција, постојат основи за сомнение дека во период

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4v6m45aoebbc3YQiAW8

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ – прва изјава на Богоев по излегување од ќелија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев излегува од притвор, Судот прифати гаранција од 55.000 евра

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода и да се брани, но не била прифатена

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt7aq9jj2rgmbfrMS4eu

„Во Македонија се оди во затвор за ќебапчиња, а не за милионски криминал“, вели Кичевски по притворот за Богоев

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања